Челзи Хендлер води борба против цензурата на Инстаграм.
50 Cent на својот Инстаграм даде поддршка на својата пријателка и поранешна девојка Челзи Хендлер.
Всушност, познатата комичарка објавила фотографија на која е на врв на снежна планина, а интересен детал е тоа што таа прилика ја искористила да го соблече графникот и да ги покаже бујните гради.
Причината за тоа е борбата против цензура на Инстаграм, а токму таа фотографија 50 Cent ја споделил на својот профил.
„Здраво „хејтери“, само да ви кажам дека ја сакам Челзи Хендлер покрај секоја мерка“, напишал во описот на фотографијата.
Раперот и комичарката беа во вркса во 2010 година. По раскинот, останаа во добри односи и ској пат кога ќе се сретнат добро се забавуваат.