Големо или мало макијато, горко или благо турско, источна или западна нутела?

Вера Вида, претседателката на Центарот за зашита на потрошувачите од Србија, изјави дека е различен квалитетот на прозиводите во овој регион, за разлика од западот, што го поткрепуваат бројни истражувања.

„Пред неколку години беше утврдено дека Нутелата наменета за пазарот на југоисточна Европа содржи многу помалку лешници за разлика од онаа Нутела наменета за западна Европа. Наводно, преку број истражувања стигнале до заклучок дека народот од југоисточна Европа ја претпочита Нутела со помалку лешник”, – вели Вера Вида.

Таа открила и дека луѓето од Србија најмногу се жалат за квалитетот на облеката, мобилните телефони и белата техника, бидејќи прилично често се случува таа роба  после неколку месеци, понекогаш само денови, да се расипе, иако се работи за брендови.

Ќе се согласите сигурно дека и вам барем еднаш ви се случило нешто слично?

- Реклама -