Одговорот на прашањто зошто исчезнала цивилизацијата на Маите, можеби се крие во најпознатата подводна пештера во Белизе, пренесува „Usa Today“.
Научниците имаат повеќе теории за тоа како и кога пропаднало нивното царство, а народот ги напуштил градовите и се „распрснал“ низ Средна Америка.
Сега се појавуваат докази кои одат во прилог на теоријата која објаснува дека климатските промени и сушата предизвикале пропаст на некогашната моќна цивилизација.
Анализата на хемискиот состав на талогот во големата сина дупка, покажува дека токму за времето на исчезнувањето на големото царство (меѓу 800 и 1000 година од новата ера), било период на големите суши.
Илјадници години речните наноси во текот на периодот на поројните дождови создале наслаги во Големата сина дупка длабока 124 метри.
Благодарение на овие наслаги научниците можеле да утврдат кога биле сушните, а кога дождовни периоди.
Обилните врнежи предизвикале и ерозија на вулканските карпи кои содржат титаниум. Научниот тим на Андреа Дрокслер го анализирал минералниот состав на тињата и заклучиле дека ниското ниво на титаниум во наслагите укажува на периодите на слаб дожд.
„Големите суши предизвикувале глад и немир меѓу народот“, рекот Дрокслер.