Мајката на Џулија Робертс ја изгуби битката со ракот на белите дробови.
Полусестрата на познатата актерка Џулија Робертс, Ненси Мотс, изврши самоубиство пред една година и го остави семејството во голем шок, Една година потоа, семејството Робертс се соочи со уште една голема загуба. Бети Лу, мајката на познатата актерка Џулија ја изгуби битката со ракот на белите дробови и почина на осумдесет години, пренесува USA Today.
По заболувањето Бети Лу живеела со Џи=улија и нејзиното семејство во Лос Анџелес, а откога нејзината состојба се влошила била пренесена во болницата John’s Health Center во Санта Моника, каде што починала.
Таткото на актерката е починат од рак на грлото на возраст од 44 години кога Џулија имала само десет години.