Голема санта мраз се откина од антарктичкиот Брантов леден гребен


Голема санта мраз се откина од Брантов леден гребен на Антарктикот, објави истражувачката организација British Antarctic Survey (BAS).

Ледениот брег со површина од 380 квадратни километри се откина во понеделникот, неколку седмици откако во мразот се отвори пукнатина долга 14 километри. Ваквото одвојување на огромно парче мраз од глечер или од ледена маса е трето во регионот во последните четири години.

Научниците на BAS забележале нестабилност во областа пред повеќе од десет години, поради што во 2016 година британската истражувачка станица Хали беше преместена 20 километри во внатрешноста.

Истражувачот на BAS, Оливер Марш, рече дека „ваквото распаѓање на мразот се очекуваше уште пред осум години, што ја намали вкупната површина на ледената покривка во најмала мера од почетокот на мониторингот“.

Во соопштението за печатот, истражувачите на BAS истакнаа дека настанот не е поврзан со климатските промени.

Научниците престојуваат во базата Хали од ноември до март, односно за време на летото на Антарктикот. Во текот на остатокот од годината, областа се следи со помош на сателитски снимки.

- Реклама -