Владата на Сингапур потпиша договор со раководството на Формула 1 за организација на Голема Награда во оваа земја и во следните пет години.
„Сите сме среќни што сме тука, па се договоривме за престојните пет години. Сингапур започна нешто што го сака целиот свет“ – изјави Еклстон, првиот човек на Формула 1.
Според договорот ноќните трки ќе бидат заштитниот знак на Сингапур и наредниот период, со најава за обезбедување дополнителна безебедност за возачите на патеката, но и усовршување на патеката како би се добила поголема атрактивност.