Утрово бродови и авиони на американската морнарица соборија 15 беспилотни летала на јеменските хути во областа на Црвеното Море, соопшти американската Централна команда
Јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, го нападнаа бродот „Пропел Форчн“ во Аденскиот залив, изјави воениот портпарол на групата Јахја Сареа во телевизиски говор утринава. Хутите од ноември напаѓаат бродови во Црвеното Море во, како што велат, кампања на солидарност со палестинскиот народ под опсада во Појасот Газа.
Сареа, исто така, денеска соопшти дека целеле „повеќе американски воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со 37 беспилотни летала“.
Американска морнарица: Соборивме 15 дронови
Утрово бродови и авиони на американската морнарица соборија 15 беспилотни летала на јеменските хути во областа на Црвеното Море, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).
„Војската одговори на големата офанзива на хутите започната во Црвеното Море и Аденскиот Залив“,
се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ на платформата Икс.
US and Coalition Defeat Houthi Attack in Red Sea Area
Between 4 a.m. and 6:30 a.m. (Sanaa time), Iranian-backed Houthi terrorists conducted a large-scale uncrewed aerial vehicle (UAV) attack into the Red Sea and Gulf of Aden. CENTCOM and coalition forces identified the one-way… pic.twitter.com/PJag5PYUfZ
— U.S. Central Command (@CENTCOM) March 9, 2024
„Беспилотните летала се непосредна закана за трговските бродови, американската морнарица и бродовите на коалицијата во регионот“,
се вели во соопштението.
Сареа рече дека ќе продолжи со нападите „додека не престане агресијата и не се укине опсадата на палестинскиот народ во Појасот Газа“.