Арсенал и Фулам го одиграа најинтересниот натпревар од вчерашната програма во Премиер лигата, имаше дожд од голови (3:3), а Артета не успеа да реализира пенал во судиското продолжение за да им донесе триумф на „Топчиите“.
Арсенал поведе со 2:0, со головите на Жиру и Подолски, но потоа Бербатов и Качаниклиќ, фудбалерот кој има македонско потекло, му донесоа израмнување на Фулам.
Бербатов со својот втор гол, овојпат од пенал, ги шокира домашните навивачи, но Жиру возврати за 3:3. На крајот, Артета застана на 11 метри, но голманот на Фулам успеа да го одбрани неговиот удар и спаси бод за гостите.