Ѓоковиќ го прегази Ферер за финале во Мелбурн

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на Отвореното првенство на Австралија, откако многу лесно излезе на крај со Давид Ферер во полуфиналниот меч, победувајќи го со 6-2, 6-2, 6-1.

За помалку од час и половина, „Ноле Експрес“, како што го нарекоа медиумите кај нашиот северен сосед, го декласира Шпанецот Ферер, кој речиси и да не даде отпор. По воведните 2-2 во гемови, на тенискиот терен играше само Новак Ѓоковиќ.

Во второто полуфинале на машкиот дел од турнирот ќе се сретнат Роже Федерер и Енди Мареј. Се очекува голем дуел за пласман во финалето, каде веќе е Новак Ѓоковиќ.

- Реклама -