Младиот кантавтор Yon Idy ја извади својата најнова песна под наслов „Going Down“ – песна на која работел подолг период, песна со која созревал.
„„Going Down“ е мојата втора песна објавена во овој проект кој го завршив на крајот од минатата година. Дефинитивно е најразлична од сè што досега публиката беше навикната да слуша од мене. Напишана е така што се менува цело време и засега можеби е и мојата омилена песна од ова EP кое го објавувам.
Оваа песна ја пишував низ изминатите три години и раскажува туѓо искуство, искуство кое драга личност го сподели со мене. Хаосот во песната е вусшност дел од кошмарот на девојката која го сподели со мене и тоа беше главната инспирација. Како одминуваше времето, како созревав, сè почесто се пронаоѓав во песната, во самите зборови, во музиката, но токму затоа и претрпуваше толку измени, па сега можам да кажам и дека пеам за мое лично искуство. Затоа и толку ја сакам, веројатно, заради процесот и патувањето, како од емоционален, така и од инструментален аспект. Секогаш кога ќе се навратев на неа, нешто ново можев да додадам и секогаш новото значеше подобрување на целиот пакет. Се надевам и слушателите ќе можат да го почуствуваат истото кога ќе ја слушнат“, изјавува Yon.
Yon Idy e наш млад, перспективен музичар кој има карактеристичен вокал, а неговата музика е впечатлива. Многумина велат дека потсеќа на странски музичар, а бидејќи пее на англиски јазик, неговите песни многу лесно си го наоѓаат своето заслужено место на странските радија, особено во Европа. Yon има интересни планови за иднина и од него може да очекуваме одличен албум со поразличен звук од она до сега.
Синглот „Going Down“ e достапен на сите музички платформи.