Гога ја тужеше свекрва ѝ: Бара 25 000 евра од неа!

Српската пејачка тврди дека мајката на нејзиниот покоен сопруг ги украла и ги продала нивните бурми и бара од неа да ѝ врати 25 000 евра.

Гога Секулиќ ја тужеше Зорица Терзин, мајка на нејзиниот покоен сопруг Игор Рамовиќ, и бара од неа да ѝ врати 25 000 евра што ѝ ги позајмила за лекувањето на Игор. Гога во тужбата тврди дека Зорица ѝ ги украла и продала нејзината и бурмата на Игор.

На првото одржано рочиште,објавува српскиот весник „Блиц“, Гога побарала од свекрва ѝ да се продаде станот во кој живееле таа и Игор, за да ѝ ги врати долговите за лекувањето на сопругот кои изнесуваат околу 25 000 евра.

Зорица ја ифрли Сека од овој стан минатиот месец. Од друга страна Зорица тврди дека Гога украла девет уметнички слики од станот и дека ги земала сите свадбени подароци.

- Реклама -