Српската пејачка Гоца Тржан не се откажува од тужбите против поранешниот сопруг Иван Маринковиќ.
Таа рекла дека иако повеќе не чувствува ништо кон него и понатаму ја сака и почитува неговата мајка за која не верува дека зборувала лоши работи за неа и дека изјавите и се извадени од контекст.
„Не е точно дека не и давам на Лена да ја гледа баба и, баш пред малку ја однесов кај неа и по пат и купив некои витамини затоа што на жената и е поднат имунитетот. Ми потекоа солзи кога ја оставив Лена и седнав во во автомобил. И после се што направија, јас не можам да не бидам човек“, рекла Гоца за српскиот весник „Блиц“.
Таа додала дека ќе им дозволува на поранешниот сопруг и неговата мајка да ја гледаат Лена кога ќе посакаат, но само таа да остане единствен старател на детето, додека од четирите тужби што ги поднела против Иван не се откажува од ниту една.
„Ги имам сите докази против него, црно на бело! Првото рочиште за зголемување на алиментацијата, како и за останатите, е закажано на 14 октомври“.
Таа открила дека луѓето постојано ја прашуваат како можела да биде со него во брак. Сега српската пејачка ужива со новото момче Рашо.