Пејачката го прослави нејзиниот 63. роденден на интимна забава на јахта. Одбра макси фустан со длабоко деколте и покажа дека и во седмата деценија од животот се држи добро.
Неда Украден го прослави роденденот со нејзината ќерка Јелена, зетот и двете внучиња. Освен најтесното семејство, на специјалниот ден со неа беа и нејзиниот долгогодишен соработник, авторот на нејзините најголеми хитови Душан Бачиќ и менаџерот Душан Јунгер. Прославата не сакале да ја пропуштат ни нејзините роднини од Австралија.
„Одлучив да го прославам роденденот на јахта на која уживавме и крстаревме со шампањско и секако торта. Друштвото и целиот амбиент, како и моите внуки ми го направија роденденот незаборавен. Како најубав роденденски подарок беше веста на мојата ќерка – дека повторно ќе станам баба“, рекла Неда.