Ако имате очајна потреба од покрив над главата и го гаѓате претседателот, особено пред толпа луѓе, нема многу да ви помогне. Освен ако метата не е Николас Мадуро, претседателот на Венецуела.
Додека патуваше низ Арагуа со автобус, една жена од толпата го гаѓаше со манго и го погоди директно во главата. Се испостави дека на мангото била испишана порака, во Која Марлени Оливо му ја објаснува на претседателот својата мака во врска со станбеното прашање.
На сечие изненадување, Мадуро не возврати со гнев и со обезбедување, туку направи нешто сосема поинакво. На една прес-конференцијата по настанот, тој самиот го покажа мангото пред новинарските камери и лично и вети нов дом на „атентаторката“, како дел од државната програма за вдомување.
„Марлени Оливо имала проблем со куќата. И се јавивме. Таа беше преплашена“, рече Мадуро. Според кажувањето, кутрата жена не можела да верува кога Мадуро и рекол дека одобрил да и се додели нов стан.
Патем, претседателот вети дека ќе го изеде мангото што го удри по главата.