Фотографија на еден од најуспешните американски режисери Стивен Спилберг покажа колку глупави може да бидат луѓето, дури и во ерата на интернетот.
Фотографијата е од пред 21 години и е направена за време на снимањето на филмот „Паркот Јура “. На неа се гледа како Спилберг седи пред „мртов” трицератопс – вид диносаурус, изумрен пред десетици милиони години.
Фотографијата се појави на „Фејсбук” страната на познатиот американски комичар Џеј Бренскјамб. Тој го оставил следниов текст: „Оваа срамна слика покажува ловец, фотографиран до убиен трицератопс. Ви ја пренесуваме оваа слика, за да му кажеме на светот и да го натераме овој човек да се засрами.”
Интересната замисла и смисла за хумор се оправда 100 проценти. Корисниците воопшто не сфатиле дека се работи за шега и се нафрлиле со обвинувања против убиецот на диносаурусите. При тоа многумина го препознале Спилберг.
„Јас мислев дека природата е најдобар начин да се заштитат овие невини животни. Но вие, упаѓате во нивниот дом и ги убивате “, напиша една од посетителките на” Фејсбук “. Според неа дури и популацијата на овие животни да е голема, тоа не е повод тие да бидат убивани. Спилберг, разочарана сум. Никогаш повеќе нема да гледам твои филмови”, ги цитира корисниците весникот “Дејли мејл”.
Друг посетител објаснил дека Стивен Спилберг е режисер на филмот „ Паркот Јура “. Навреден граѓанин сепак бил безгрижен: „Не ми е гајле кој е, тој не треба да убива такво животно”.