Мразот на Јужниот Пол навидум се простира без крај, подалеку од било кога претходно. Но она што е збунувачки е што овој мраз е сигнал за климатските промени предизвикани од човекот.
И додека на Северниот Пол мразот се топи веќе неколку години, тој се шири на Јужниот Пол. Морскиот мраз на југот достигна рекордни 19,4 милиони километри квадратни во септември, неколку дена по рекордното топење на Северниот Пол. Скептиците на климатски промени се фокусираат на Антарктикот како аргумент против глобално затоплување велејќи дека научниците го игнорираат јужниот континент бидејќи не им одговора.
Но научниците одговараат дека скептиците погрешно ги интерпретираат податоците. Промените во ветровите и огромната озонска дупка над Антарктикот – двете поврзани со човечка активност – се најверојатно одговорни за зголемената површина на мраз.
„Свет кој се загрева има комплицирани и некогаш изненадувачки последици“ изјавил истражувачот Тед Максим, од Woods Hole Oceanographic Institution од Масачусетс, од австралискиот истражувачки брод опкружен со поларен мраз. Многу експерти се согласуваат. Тед Скамбос од National Snow and Ice Data Center во Колорадо додал: „Звучи контраинтуитивно, но Антарктикот е дел од затоплувањето.“