Хиромантија или гледање во рака е уметност на читање на карактерот или судбината на личноста.
Не е сосема сигурно каде настанала хиромантијата: Сепак многумина тврдат дека нејзина колевка е Индија, а подоцна се проширила во Кина, Тибет, Персија. Во средниот век гледањето на рака се поврзувало со магија и вештерство.
Оваа илустрација датира од 17. век и на неа е прикажано астролошкото значење на деловите на прстите и раката.
Она што е необично е прилично скандалозното значење кое им се придава на линиите кои се наоѓаат на делот под палецот: инцест, многу љубовници, вонбрачни деца и склоност кон садо-мазо.
Десната страна на раката покажува, по хиромантијата од 17 век: болести, душевни болести, стерилитет, но и желба за учење.