Македонија е земја со експерти колку што има и жители, па сосема логично е што ТВ каналите изобилуваат со отворени емисии во кои гледачите имаат шанса да ги презентираат своите несоборливи експертски тези за низа актуелни и неактуелни прашања. Во една од тие емисии, се јави еден од тие експерти и инстантно „го реши“ прашањето со Гоце Делчев.
„Кукуш е во Бугарија, така?“, ја постави својата премиса гледачот, која водителот, веројатно од невнимание, ја потврди. „Е па, во Бугарија бил и сега е во Бугарија, значи Бугарин е Гоце Делчев“, со леснотија заклучи гледачот.
Кога водителот го поправи дека Кукуш е во Грција, експертот ладнокpвнo ja имплементираше истата логика:
„Во Грција е Кукуш? Па значи Грк е“, рече тој и покажа дека навистина му оди математика, како што сам се пофали.
Идиотизмот на #СМРДСМ Северџанска
– Сакам да прашам Гоце Делчев каде е роден, во Кукуш, каде е Кукуш, во Бугарија така? Значи Бугарин е Гоце Делчев… јас знам математика…
– Водител: Но Кукуш е во Грција !!!
– Гледач северџан: Во Грција е Кукуш ?🤡? Па значи грк е… pic.twitter.com/Nb2dCFNbTZ— Фортификација (@Fortifikacija) December 12, 2019