Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, под силно полициско обезбедување, започна дистрибуцијата на гласачките ливчиња и другиот гласачки материјал за претстојниот референдум.
-Во текот на денот со помош на возила на Македонска пошта, наши екипи во придружба на припадници на МВР, согласно претходно подготвениот план ќе се изврши дистрибуција на гласачкиот материјал до сите ОИК – изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК.
Гласачките ливчиња се испечатени на квалитетна хартија и не постои можност за нивно копирање. Избирачките списоци, формуларите за записници, параваните и другиот изборен материјал се предадени во ДИК.
Во недела на 30 септември, граѓаните на референдум ќе се изјаснат по прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција?“