Азијците поминуваат најмалку време во водење љубов и најретко
доживуваат оргазам, додека секс-рекордери се Грците, покажала
глобалната анкета на „Дурекс“. Студијата на познатиот производител на
презервативи била спроведена на 26.000 луѓе во 26 земји.
Азијците поминуваат најмалку време во водење љубов и најретко доживуваат оргазам, додека секс-рекордери се Грците, покажала глобалната анкета на „Дурекс“. Студијата на познатиот производител на презервативи била спроведена на 26.000 луѓе во 26 земји.
Според резултатите, повеќето луѓе во светот имаат сексуални односи просечно по 160 пати во годината. Јапонците се на дното на скалата со само 48 пати, а Грците се шампиони со 164 сексуални односи во годината.
На вицешампионската позиција се Бразилците, кои во просек се сексаат 145 пати годишно.
Јапонците, воедно, се и најмалку задоволни од својот сексуален живот. Само 10 отсто од нив изјавиле дека се многу задоволни, додека светскиот просек за ова прашање е 49 отсто. Во Хонгконг од својот сексуален живот се задоволни само 32 отсто, во Австралија – 40 отсто, во Сингапур – 41 отсто, во Тајланд – 42 отсто и во Нов Зеланд – 43 отсто.
Овие пет земји ги зазеле последните места и на листата „најсреќни во кревет“. Најсреќни, пак, се Африканците – дури 66 отсто од нив.
Индијците се покажале како најбрзи љубовници. Нивниот секс трае само 13,2 минути, додека светскиот просек е 18,3 минути. Најбавни се Нигеријците со 24 минути. Сингапур, Австралија, Хонгконг, Јапонија и Тајланд се при крајот на листата и во однос на брзината.
Во Кина само 25 отсто од луѓето доживуваат оргазам, а следува Јапонија со 27 отсто. Вкупно 59 отсто од испитаниците изјавиле дека сексот им е многу важен, а најмалку такви одговори дале Тајланѓаните – само 38 отсто.