Каиро е град од 8 милиони луѓе, а сепак нема официјална служба за отстранување на градското ѓубре. Наместо тоа, ѓубрето го собира, по своја волја и веќе речиси 100 години, популацијата која живее во предградието Mokattam, чие име Zabbaleen на арапски и буквално значи – Ѓубраџиите.

Zabbaleen-ите, инаку копти-христијани, живеат од ѓубрето кое ќе го направат жителите на главниот град Каиро. Тие го собираат отпадот на повеќемилионскиот град, го преработуваат, сортираат, или ги хранат свињите со него.
Се вели дека Zabbaleen-ите преработуваат и искористуваат 80-90% од отпадот која ќе го соберат – цифра која е недостижна за современите фабрики за рециклажа. Меѓутоа условите во кои живеат, растат и работат се потресни. Хепатитис, заразни болести и краток живот – сето ова може да се прочита од овие потресни фотографии. Потресни за жителите на Градот на ѓубрето и потресни за човечкиот род бидејќи постојат вакви места.