Ѓоковиќ опасно му се приближува на Федерер

Успехот на Новак Ѓоковиќ на турнирот во Шангај придонесе српскиот тенисер уште повеќе да му се приближи на Роџер Федерер на врвот на АТП листата, па сега предноста на Швајцарецот во однос на српскиот тенисер изнесува само 195 бода.

Само прашање на време е кога Ѓоковиќ ќе успее и целосно да ја анулира негативата во однос на Федерер и да се врати на првото место, со оглед на фактот дека Србинот има огромен простор за напредок на следните турнири, додека Федерер само ќе брани 3.000 АТП бодови.

Швајцарскиот тенисер лани триумфираше во Базел, Париз и во Лондон, па сега до крајот на годинава само ќе ги брани бодовите освоени на ланските изданија на овие три турнири. Ова значи дека дури и доколку ги одбрани трите круни, Федерер нема да мрдне од бројката од 12.165 бода, додека од друга страна, Ѓоковиќ лани имаше слаби настапи во финишот од сезоната, па сега ќе брани само 560 бодови.

Прочитајте и:  Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски

Ова во пракса значи дека Србинот со пласман во финалето во Париз, дури и во случај таму да загуби од Федерер, ќе го мине Швајцарецот, а потоа и сигурно ќе се задржи на врвот на АТП-листата до крајот на 2012 година.

- Реклама -