Две девојчиња (на возраст од 10 и 12), загубени во мрежата одводни канали за атмосферска вода во Аделаида, Австралија, наместо да се јават во службата за итни случаи (000), го апдејтирале статусот на Facebook. За среќа, еден нивен пријател бил на интернет во тој момент и повикал помош во нивно име. Сепак, останува прашањето – дали зависноста од социјалните мрежи отиде предалеку?

Одговорните од службата за итни случаи во Австралија не можат да бидат сигурни во колкава опасност биле девојчињата пред да бидат спасени, но истакнуваат оти нивната реакција ќе била далеку побрза доколку времето што го потрошиле да го апдејтираат статусот на Facebook од нивните телефони, го искористеле за да се јават на бројот 000 и да побараат помош.
Но, девојчињата веројатно мислеле дека тоа е премногу едноставно, па затоа си ја постирале маката на Facebook. За среќа, некој од нивните пријатели ги сфатил сериозно и ја известил службата која подоцна ги спасила од опасноста.
Сепак, ова не е прв случај интернетот да се користи за барање помош. Во Атланта, Џорџија, Америка, еден советник во градското собрание, загрижен дека речиси празната батерија на телефонот нема да го издржи јавувањето на 911, испратил порака на Twitter: „Потребна е брза помош на аголот меѓу улиците Џон Весли Добс и Џексон. Жена лежи во бесознание. Ве молам одговорете“.