Гаџети за домашни миленици

Повеќе... Вие ги имате најдобрите гаџети, па зошто тогаш вашето милениче да биде лишено од технолошките новини? На пазарот постојат гаџети со кои вашето милениче ќе биде во тек со најновите технолошки иновации, некои од нив се корисни, некои необични, а има и некои кои можат да се окарактеризираат само како апсурдни.


Вие ги имате најдобрите гаџети, па зошто тогаш вашето милениче да биде
лишено од технолошките новини? На пазарот постојат гаџети со кои вашето
милениче ќе биде во тек со најновите технолошки иновации, некои од нив
се корисни, некои необични, а има и некои кои можат да се
окарактеризираат само како апсурдни.

AquaVista 500 компјутеризиран аквариум
157853-aquavista500_seaweed_silver_fish.jpg

Отсекогаш сте сакале тропски аквариум, но не сте имале време за да го одржувате? AquaVista 500 има вградена LCD плоча кој ви овозможува да ја контролирате филтрацијата, температурата, кислородот и светлото. Целата технологија е вградена во системот, па така не мора да се грижите за деталите во одржувањето на аквариумот или да купувате додатни делови. Плус овој аквариум виси на ѕидот како слика или телевизор со рамен екран. Времето потребно за да се одржува ваков аквариум е 15 минути во месецот за слатководни тропски рипки или 10 минути неделно за морски. AquaVista 500 чини $300, а може да се нарача тука .

Zoombak GPS локатор за кучиња
157853-zoombak-dog-package-highres.jpg

Овој водоотпорен локатор со мала тежина е наменет за да ги спаси сопствениците од проблемите со преенергичните кучиња кои јурнуваат накај вратата само што ќе се отвори. Користи сателитска и мобилна технологија со цел да помогне да се лоцира кучето во случај да заталка или да ви биде украдено. Можете да се лоцира преку Zoombak.com и да се контролира движењето на милениците одредувајќи безбедносни зони. Да се надеваме дека наскоро ќе имаме вакво нешто и во нашата земја.

WC за мачки со автоматско чистење
157853-litter_robot.jpg

Litter-Robot ќе ве поштеди од чистењето, има сензор кој го прави безбеден додека мачката е внатре, а после тоа автоматски ќе си ја изврши „валканата работа“. Но сето тоа си има своја цена – $330, а може да се нарача тука .


iSeePet360: хранете го вашиот миленик преку компјутер

157853-iseepet360.jpg

Ова е за воркохолици кои можат да го користат нивниот компјутер (или мобилен, доколку се на состанок) за да ги нахранат своите миленици кога тие се на работа. Има и вградена камера преку која можете да видите што прави вашето куче кога не сте дома, но внимавајте можеби тоа ќе го засака iSeePet360 повеќе од вас. iSeePet360 го има само во Јапонија ( се разбира) и чини $440.

Фонтана за миленици
157853-drinkwell_360.jpg

Drinkwell Pet Fountain ќе обезбеди секогаш свежа и филтрирана вода и ќе ја спречи вашата мачка да ја бара истата во WC-то. И за кучиња исто така. Достапна е во четири модели Original ($50), Platinum ($70), Big-Dog ($75), и 360 ($65; на сликата).

PetsCELL: Мобилен телефон за кучиња
157853-petscell.jpg

Овој мобилен телефон служи и како локатор преку кој може да бидете алармирани кога кучето ќе ги премине границите кои можете да ги ограничите на веб страницата на PetsMobility. Oвој водоотпорен гаџет има и микрофон во случај да сакате да си позборувате со вашиот миленик кога не сте дома:), а од попрактична гледна точка, преку овој мобилен може да ве контактираат доколку некој го праонајде вашето изгубено куче. Ваквиот мобилен ќе ве чини поскапо од вашиот – $400 плус месечен кредит.

Мјау и АвАв преведувач
157853-meowlingual.jpg

Дали сакате да знаетe што навистина размислува вашата мачка или куче? Некои луѓе од Јапонија веројатно сакаат, па затоа тука се Meowlingual и Bowlingual кои ќе ви ги преведат најдлабоките мисли и чувства на вашиот миленик. А да, потребно е да знаете и јапонски.

Pet’s Eye View Digital Camera
157853-petseyeview.jpg

Кога знаете како размислува вашиот миленик, може ќе сакате да дознете што гледа. Можете да го видите светот низ очите на вашето куче/маче со оваа посебно дизајнирана камера од $40.

Yume Neko: Мачка – робот
157853-segatoys_yume_neko_robot_cat.jpg

Сè уште мислите дека на домашните миленици потребно е да му се посвети многу внимание? Без гајле – Sega Toys има решение за вас: Yume Neko Smile (или во превод: Мачката од соништата што се смее), преде, мјаука, трепка со очите и ја мрда главата. Доколку ја тргнете за опашката може и да ве изгребе. Со скриените сензори под крзното Yume Neko Smile неверојатно наликува на вистинска мачка, и е неверојатно морничава. Нормално доаѓа од понекогаш бизарната Јапонија.

- Реклама -