На Гитаристот на ” Green Day ” му бил дијагностициран рак на крајниците, но болеста подлежи на третман.
Џејсон Вајт неодамна открил дека е болен од излечива форма на рак.
Групата повика фановите им да испратат „љубов и позитивни вибрации” на нивниот гитарист, кој се приклучи на бендот во 2012 година.
Џејсон неодамна претрпе рутинска тонзилектомија, откако лекарите му откриле бениген тумор.
„За среќа го фати порано и сега му претстои брза и целосна терапија. Ве молам да ни се придружите и му ја пратите целата своја љубов”, повикаа останатите музичари од групата.