Гир: Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик во нашата држава.

Гир, кој денеска учествуваше на Регионалниот форум „Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ“, во изјава за медиумите беше прашан за негов коментар за измените во Кривичниот законик во државата.

„Мислам дека тие во моментов се разгледуваат од нашите колеги во Брисел и верувам дека наскоро ќе има одговори на тоа прашање“, одговори Гир.

МИА

- Реклама -