„Изјавата е хомофобична и значително придонесува за нормализација на хомофобната култура која ни донесе толку многу нacилство на толку многу од нас“, пишува Билјана Гинова (ЛГБТИ активист, координатор во ЛГБТИ Центар за поддршка и програмски координатор во Хелсиншкиот комитет за човекови права во Северна Македонија) за, како што вели, срамниот момент кога премиерот на РСМ изјави дека „секако дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и – со извинување до ЛГБТ заедницата – еден педep, да ја симнат владата“.
Единствен начин да се спречи понатамошно продолжување на хомофобичното нacилство, вели Гинова, е премиерот да си поднесе оставка.