Гинисов рекорд: Руската химна во изведба на над 20.000 хористи и оркестар од над 8.000 музичари (ВИДЕО)

Илјадници руските музичари и хористи ги здружија силите и поставија официјален Гинисов рекорд со изведбата на руската химна, со која го соборија рекордот поставен во 2016 година, кога 8076 насобрани музичари настапија во „Комерцбанк“ арената во германскиот град Франкфурт.

Мешаниот хор од над 20.000 членови и оркестарот од над 8.000 музичари ја отсвиреа и испејаа националната химна на Русија на стадионот „Гаспром Арена“ во Санкт Петербург, со што ја приредија најголемата изведба на руската химна на сите времиња, притоа поставувајќи и светски рекорд, соопштија организаторите на серуската акција „Ден на химната“, пренесува „Руска реч“.

Оркестарот се состоел од професионални, воени и аматерски состави, а во хорот, покрај професионалните изведувачи, настапиле и претставници на младински и општествени организации, волонтери, фудбалски навивачи и гледачи. Според организаторите, се свирело на 19 типа инструменти, а оркестарот бил поделен на 192 полиња, во кои биле распоредени точно 8.097 музичари. Рекордот го потврдил и официјалниот судија на Гинисовата книга на рекорди, кој внимателно го надгледувал пребројувањето на членовите на оркестарот.

- Реклама -