Потребни состојки:
– 5 јајца
– 500 гр сирење
– 500 гр тенка кора
– 150 мл кисела вода
– 1/2 кесичка прашок за пециво
– 3 лажици павлака
– 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со кисела вода, прашок за пециво, сол, сирење и кајмак. Подмачкајте го плехот па поставете му две тенки кори. Потоа, по две, три кори гужвајте, валкајте ги во смесата со јајца, и редете ги на плехот додека не ги потрошите сите состојки. На крајот, гибаницата прекриете ја со преостанатите кори и ставете да се пече во загрена рерна на 200 степени околу половина час.