Ги ставивме странските амбасадори на „табло“

zaednicka

Знаеме што ни се случува деновиве, а знаеме и дека реториката и критиките кон странските амбасадори и делегати во Македонија се исклучително остри постизборно, додека траеше одлучувањето на ДИК по приговорите поднесени за неправилности во изборите. Симпатизерите и членовите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се лути, па во повеќе наврати ги „поздравија“ странците што ни се мешаат во работите и им порачаа да си одат дома… или…

Сепак, радикалната реторика изгледа не беше доволна, па од утрово на македонските социјални мрежи почна да кружи галерија направена од анонимни автори кои или сметаат дека Македонија се брани со прогласување на живи луѓе за мртви, или сакаат да мислиме дека авторите на галеријата сметаат дека Македонија се брани со прогласување на живи луѓе за мртви. Како и да е, нé фати срам од потегов.

Прочитајте и:  Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори

Инаку, меѓу предвреме „погребаните“ се најдоа амбасадорот на САД –  Џес Бејли, како и амбасадорите на Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Европската унија, но и екс медијаторот Питер Ванхojте и европскиот пратеник Ричард Ховит…

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

- Реклама -