Пишува Бранко Героски, за „Плусинфо“
Цели три години, другарчиња, ве критикувам и ви укажувам дека не сте баш на прав пат. Знам, ви збоктисав. Ме замразивте. Но сега, после фијаското во Брисел, можеби ќе сфатите дека е време да си ги чукнете малку главите и да размислите каде згрешивте и каде сѐ уште грешите. А ако тоа не се случи, ќе грешите и понатаму, додека еден ден не излезете од ова бунило и не сфатите што сѐ сте изгубиле. Како вчера, кога сфативте дека дека го губите датумот за преговори со ЕУ, вашиот влог во играта во која инфантилно заигравте „ол ин“ и потоа завршивте „ол аут“.
Вчера го изгубивте датумот, а утре, ако не ви дојде умот, ќе ја изгубите и власта. Немојте после да кажете дека не сум ве опоменал!
Ни „р“ од реформи
Барав од вас да спроведете реформи. Со неколку исклучоци во некои области, во вашите политики нема ни “р” од реформи. Немате идеи. Немате конзистентност. Не сте систематични. Во основа, вашите политики се популизам. Ребрендиран груевизам. Згора на тоа, еден трапав и неефикасен груевизам.
Погледнете што направивте во областа на правосудството, на пример, каде што ветивте најмногу – правда и мир. Борба против криминалот, поранешниот и сегашниот. И каков е резултатот? Катастрофа! … Целата колумна прочитајте ја ТУКА.