Героски: Не, нема да му се извинам на СДСМ за Боки 13, време беше овој крлеж да биде симнат од вратот

„НЕ, НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА СДСМ ЗА БОКИ, ТУКУ СДСМ ЌЕ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА ЧЛЕНСТВОТО И НА СИМПАТИЗЕРИТЕ!“, дециден е новинарот Бранко Героски, кој веројатно е еден од најзаслужните за разоткривање на рекетот на Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева.

„Саше будалетинката бара да сум му се извинел на СДСМ за ‘клеветите’ дека Боки 13 дејствувал ‘заедно со власта’.
Настрана што тоа никогаш не сум го кажал… Погледнете го колажот од фотографии и врднаш ќе сфатите зошто нема да му се извинам на СДСМ и кој кому треба да се извини“, пишува Героски на Фејсбук, наведувајќи ја следната фотографија:

„Не велам дека сите овие личности од фотографиите соработувале со Боки или го поттикнувале да рекетира. Скраја да е. Но, нивната блискост со еден ваков лик, нивното внимание со кое го опсипале, дефинитивно го охрабриле Боки да го прави она што го правел.

Време беше власта да го симне од вратот овој крлеж. Пардон, оваа бубашваба, како што самиот си се нарече. Мислам на Боки. А и за Сале Мутави да си размислат…“, порачува Героски.

 

- Реклама -