„Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност – Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пpиjaвив физичкo cлeдење од страна на неовластено лице“, пишува новинарот Бранко Героски на Фејсбук во „отворениот повик“ до Јавното обвинителство.
Како што вели Героски, споменатото лице извршило физичкo cлeдeњe меѓу него и министер во актуелната влада, а за тоа cлeдeњe бил лично известен од засегнатиот министер. По барање на Героски, споменатиот министер истото го потврдил и во разговор со министерот Спасовски.
„Морам да кажам дека соодветната служба на МВР многу брзо и крајно коректно состави служена белешка за настанот (што ја потпишав), која е проследена до Јавното обвинителство“, пишува Героски, додавајќи дека до овој момент не доби никакво известување за тоа дали Јавното обвинитеоство постапувало по службената белешка и дали некој извршил било какви дејствија да се истражи случајот.
„Сметам дека како засегнат, имам право да бидам известен за тоа. Затоа, очекувам најдоцна до среда, 20 ноември, до пладне, Јавното обвинитеоство да ја извести јавноста што се случува во врска со оваа службена белешка и дали по негов налог истражните органи го расветлуваат случајот. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден, со напис на порталот Плусинфо, јас лично детално да ја информирам јавноста за настанот. Нема заборавање, нема пpocтување! Значи, се читаме најдоцна в среда на пладне. Се надевам со официјална информација од ОЈО. А и без неа, секако се читаме“, порачува Героски.