Колумна на Бранко Героски, за „Плусинфо“
Влада на ДУИ со Зоран Заев, СДСМ скоро развластен!
Пред да почнете да се муртите и да кажувате некои работи „со опроштење на ЛГБТИ заедницата“, добро е заедно да се потсетиме како беше…
Пред изборите, Зоран Заев на граѓаните им вети дека ДУИ ќе замине во опозиција. И дека тој ќе направи партијата на Али Ахмети да се реформира. Провладината пропаганда како гајди развлекуваше наративи дека Мала Речица е дувло на криминалот и на корупцијата. Во исто време, СДСМ стапи во предизборна коалиција со Беса, а Заев театрално кокетираше со партиите на Зијадин Села и на Африм Гаши. Сакаше да покаже дека гласовите на ДУИ не вредат „пет пари“.
Со еден збор, сцената беше грижливо сетирана денеска да гледаме еден сосема друг филм – требаше да ги видиме прегрнати Заев, Билал Касами, Зијадин Села и Африм Гаши. Али Ахмети, разочаран и посрамотен, требаше да се повлече во некое далечно бачило и да не се појавува во јавноста додека не узрее новото сирење.
Предлог што не може да се одбие
И ете, наместо една таква блазирана теленовела, каква што замислуваа сценаристите од Бихаќка, денеска видовме едно тврдо филмче, чиниш создадено во работилницата на Тарантино. Ова што се случи денеска ме потсетува на една сцена од „Pulp Ficton“, онаа во подрумот на Зед, ако ви текнува. Се сеќавате, нели, кој е вистинскиот јунак на таа сцена – боксерот Буч. Го игра Брус Вилис. Али Ахмети денеска беше во улогата на Буч. Тепаниот тепан, eбaниoт eбaн, ама Буч ги лапна парите, раатот и чоперот на Зед и на својата девојка на крајот ѝ рече: „Зед ис дед, бејби“.
Но добро, кој не го гледал филмот, ништо од ова нема да разбере. Ќе бидам појасен. Денеска, значи, гледавме сцена во која Зоран Заев, обзнанувајќи го договорот после лидерската средба, неколку пати му се заблагодари на Али Ахмети, лигаво фалејќи ги неговата „доблест“ и „големина“. Па и тоа како да не беше доволно. На сцената мораше да се појави и перјаницата на пропагандата на Заев, та и тој му се заблагодари на Ахмети. Ние се скинавме од смеење. Таа суперлигава секвенца Тарантино секако би ја исекол од филмот, но кога преносот оди „во живо“, драги мои, тоа е и технички невозможно. Зоќевите алтереговци и натуршици брилијантно наивно ја отсликуваат атмосферата од финишот на преговорите.
Посериозните аналитичарите сепак мора да се распрашаат и да дознаат како дојде до ваков пресврт, толку значаен што Заев мораше и јавно да покаже колку бил шокиран од гестот на Ахмети. Јас можам во таа насока да помогнам со неколку мои импресии на темата… Остатокот од текстот прочитајте го ТУКА.