Героски: „Меѓународен сојуз“ на Боки 13 „работела“ со помалку од 1.000 денари на сметка

Пишува Бранко Героски, за „Плусинфо“

За наредната недела е најавено дека специјалните обвинителки Катица Јанева и Лиле Стефанова ќе дадат искази за истрагата за случајот „Рекет“. Тоа веројатно ќе биде добра можност за проширување на истрагата. При тоа, да не заборавиме дека тоа е можност и за проширување на истрагата и во насока на сомнителните договори што невладината организација на осомничениот Бојан Јовановски, Меѓународен сојуз, ги склучила со две приватни фирми, за проект за изградба на старски домови.

Како што е познато, Меѓународен сојуз склучил такви договори со градежните компании „Пелистер“ на Силјан Мицевски и „Дрим билдинг“ на Адријан Амзоски, зет на Фиат Цаноски. Боки 13 презел невозможни обврски да обезбедува парцели и дозволи за градба, за што двете компании, наместо да префрлат пари на сметка на невладината организација (ако веќе така било договорено во спорните договори), тие на луѓе од Меѓународен сојуз (Лилјана Тодоровска и Јасна Мандик) им исплатле авторски хонорари. Така, „Пелистер“ на Лилјана Тодоровска ѝ исплатил хонорар од 720.000 евра, а „Дрим Билдинг“ на Мандиќ 228.000 евра. Тодоровска изјави дека ги подигнала парите, но дека луѓето од Меѓународен сојуз веднаш ѝ ги зеле. Силјан Мицевски засега не си ги бара парите назад, но Амзоски си ги бара и тоа со тужба.

Во единственото јавно соопштение по скандалот, Меѓународен сојуз вели: „Во интерес на остварување на целите, Меѓународен сојуз (МС) стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за прв пат во Македонија е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства пристигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на МС и исполнување на договорите склучени со партнерите“.

Еве, дури и да го прифатиме ова инаку небулозно објаснување, за тоа зошто паричните средства легнале на сметките на „координаторите“ а не на сметката на невладината организација, останува прашањето како можело Меѓународен сојуз на друг начин да ги исполнува обврските од договорите освен преку својата сметка. Како плаќале „координаторите“ за активностите поврзани со договорите? Во кеш? Е дури тогаш тоа би било класично перење пари! Логично е, значи, да се претпостави дека ако Меѓународен сојуз водел било какви активности, за било каков проект, па дури и за голо опстојување без работа на никакви проекти, тоа да го правел преку својата банкарска сметка.

Но, ајде да видиме што се случувало со таа сметка во клучната 2018 година. Поседувам десеттина изводи од таа сметка. Дел од еден од тие изводи изгледа вака (името на банката, бројот на сметката и даночниот број се избришани, од разбирливи причини): ПРОДОЛЖУВА НА „ПЛУСИНФО“ (ЛИНК)

- Реклама -