Не се согласувам со тезата дека единствен начин за да се обезбеди фер натпревар, во кој и двете страни ќе треба да ги стимулираат гласачите да излезат на гласање, a не да повикуваат на бојкот, е да се исклучи цензусот како услов за претстојниот референдум за договорот со Грција.
Да, цензусот за излезност на референдумот е висок (50 отсто, односно околу 900.000 избирачи), дури и превисок. Но, се одлучува за многу важно прашање, за меѓународен договор кој суштински го менува ликот на земјата, за договор за кои некои милуваат да кажат дека е “конститутивен акт”. За толку важно прашање сепак не може да се одлучува без цензус, односно на начин што ќе овозможи една мала група мотивирани избирачи да донесат важна, историска одлука за целата нација и за идните поколенија.
Гласањето на референдум не е исто што и гласањето на избори. Имено, на избори избираме одлучувачи, луѓе чии одлуки мора да се во рамките на Уставот и на законите. На референдум одлучуваме ние самите. Директно и без ограничувања. На референдумот во 1991 годин одлучивме да создадеме независна држава. На овој референдум треба да донесеме одлука што ќе ги обврзе пратениците значајно да го изменат Уставот. А тоа не е мала работа…
Остатокот од колумната прочитајте го на Плусинфо.