Првиот германски автомобил направен со 3Д печатач се вика „Локи“ (LOCI) и има едно седиште и отворена каросерија.
Верувале или не, овој автомобил сè уште нема мотор и во овој момент е повеќе скулптура отколку функционално возило, но се очекува за скоро време да биде оспособен за возење.
Ефикасен, дигитален, автономен – тоа е автомобилот на иднината, како што навела британската стартап фирма „BigRep“, а „Локи“ е првиот автомобил кој целосно е направен со 3Д печатач.
Во текот на годинава „Локи“ ќе добие и свој мотор па понатамошните негови тестирања ќе бидат возможни.
Истражувачите се согласни во оцената за овој автомобил кој е произведен со 3Д печатач и велат дека таквите автомобили мора да станат дел од секојдневното производство.