Германско село Алвин со околу 20 жители, повеќето пензионери, е продадено на пазарот за 140.000 евра. Се наоѓа во областа Бранденбург, на околу 120 километри јужно од Берлин.
Селото веќе е пренесено во сопственост на анонимниот купувач, кој понудата (која впрочем била и единствената) ја поднел преку телефон.
Ова е втора продажба на селото. Во 2000-та година селото е купено од двајца браќа, но тие не успеале да помогнат во неговиот развој.
Селото се наоѓа среде гора, има девет куќи (на кои им е потребен ремонт), како и неколку селскостопанствени објекти. Во селото нема продавница, а нема ни автобуска станица.
Историјата на селото, како и регионот, гласи дека во време на Втората светска војна во близина на Алвин се обучувале млади војници за армијата на Хитлер. Таму биле чувани и воени затвореници.
До обединувањето на Германија во 1990 година, селото имало околу 50 жители, а биле издржувано од блиската фабрика за брикети – најстарата во Европа. Фабриката е затворена во 1991 година, а оттогаш многумина го напуштаат во потрага по работа.