Германските научници предупредуваат: Сончевите зраци не го убивaaт вирусот во живи нешта, дури напротив

Експертите предупредуваат околу веста дека „сончевата светлина го убива коронавирусот“. Според германските научници, сончањето не е пожелно за самотерапија од Ковид-19 или превенција од заpaзата:

„Ултравиолетовата (UV) радијација може, меѓу другото, да го потисне имуниот одговор на телото“, предупреди вчера портпаролката на германското Биро за заштита од радијација (BfS). „Ако сте бoлни, не треба да се изложувате на силното сонце – без оглед на тоа за која болecт се работи“.

Ова навидум се коси со заклучоците од експериментот на американските научници соопштени во брифингот на Белата куќа, на кој беше соопштено дека сончевата светлина, повисоките температури и зголемената влажност го убиваат вирусот. На брифингот, Трамп предупреди заклучоците да се примат со доза на резерва и ги советуваше Американците „да уживаат во сонцето, а ако тоа има ефект, ќе биде супер“.

„Секој што мисли дека сончевите зраци ќе го убијат вирусот во нас и така ќе го излечат Ковид-19 – греши“, порачаа од германското BfS неколку дена порано. „Овие извештаи се однесуваат само на стерилноста на површините, а не на убивањето на вирусот во живи нешта“.

Покрај негативните ефекти наведени погоре, продолженото сончање исто така го зголемува и ризикот од развoj на paк на кожата, потсетува портпаролката на BfS. „Од оваа причина, исто така, Бирото советува против долг, незаштитен престој на сонце“.

Што се однесува до UV зрачењето, кога се споменува во контекст на вирусот, се мисли на UV-C радијација. Веќе одамна е познато дека UV-C радијацијата убива вируси и бактерии. UV-C лампите стандардно се користат за дезинфекција, на пример за дезинфекција на базени или на стерилни работни средини како лабораториите. Како и UV-A и UV-B, и UV-C радијацијата е штетна за луѓето, предупредуваат експертите:

„Под ниту едни околности не треба да гледате во UV-C лампа, да стоите под нив или дури и да држите делови од телото под нивната светлина“, се вели во соопштението од BfS. „Радијацијата може да го оштети геномот и е канцерогена за луѓето. И тоа на понизок интензитет од оној потребен за дезинфекција“, предупредуваат од BfS, пренесува германската dpa.

- Реклама -