Германски сатиричар доби отказ поради ликување во врска со атентатот врз Трамп


Германскиот комичар Себастијан Хоц, познат како „Ел Хоцо“, ја загуби работата како водител на радио-емисија поради ликувањето што го постираше на социјалната мрежа Х по атентатот врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Хоц напиша дека атентатот врз Трамп бил „како последен автобус, само што за жал е пропуштен“, а тоа многумина го протолкуваа како недовсмислена поддршка за атентатот, пренесува британски The Guardian.

Комичарот потоа напиша и дека „е апсолутно фантастично кога фашистите умираат“.

Неговите постови потоа беа избришани, но го разгневија сопственикот на Х, Илон Маск.

Многу корисници на интернет ги осудија коментарите на Хоц, а еден од потпретседателите на Бундестагот Волфганг Кубицки повика и на истрага против сатиричарот.

Хоц кој има повеќе од 700.000 следбеници на различни платформи на интернет, откако остана без работа, напиша „јас сум најбезобразниот човек кој во моментов е без работа“.

- Реклама -