Адолф Хитлер беше неприкосновено најамбициозниот диктатор по Наполеон, во одредени аспекти дури и поамбициозен, а дефинитивно и многу побезмилосен. Историчарите се сложуваат дека ако Хитлер не бил толку алчен и не го лансирал нападот врз Русија, исходот од Втората светска војна ќе беше многу поразлучен, барем за Европа.
Сепак, потценувајќи го рускиот отпор и преценувајќи ја моќта на својата армија, Хитлер тргна да го скрши најтврдиот орев, што набрзо силно му се удри од главата. По неколкуте почетни и краткотрајни успеси, Русите пружија отпор и не се колебаа да дадат милиони животи за да ја бранат својата татковина од нацистичкиот окупатор.
Кога Германците беа приморани да се повлекуваат од регионите кои ги имаа освоено преку изненадувачките копнени и воздушни напади, се погрижија да им ја отежнат работата на Русите и да ја уништат целата инфраструктура што ја имаа изградено. Мостовите беа разрушувани до темел, а железничките шини беа уништувани со посебен вид на „плуг“, наречен Schwellenpflug.
Се работеше за мал вагон со голема маневрирачка кука што ги демолираше шините зад себе. Произведена била во фабриката Krupp во 1942 година. Потребни биле само 6 до 8 минути за поставување на Schwellenpflug-от на потребната позиција. Со машината оперирал тим од 10 луѓе. Била мошне ефикасна – уништувала 93% од шините на кои била користена.