Германската полиција застрела маж кој се обидел да ги нападне минувачите со секира во Хамбург, инцидентот се случил во близина на навивачката зоната каде има околу 40.000 холандски навивачи.
Според германскиот весник Билд, напаѓачот им се придружил на толпата и ги нападнал навивачите и обезбедувањето.
Во Хамбург од 15 часот започа натпреварот од Европското фудбалско првенство помеѓу Холандија и Полска.
Локалните медиуми објавија дека полицијата употребила бибер спреј пред да пука. Еден полицаец прво испукал предупредувачки истрел, а потоа неколку други истрели биле испукани кон напаѓачот, кој паднал на земја. Напаѓачот е тешко повреден и му е укажана лекарска помош.
Полицијата соопшти дека напаѓачот имал и запаливо средство, најверојатно некаков молотов коктел.