Германската полиција застрела маж во близина на фан зоната на ЕВРО 2024 во Хамбург

Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со денешниот натпревар помеѓу Полска и Холандија

EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германската полиција денеска застрела маж кој им се заканувал со секира и запалива направа во Хамбург, соопштија властите, на денот кога градот е домаќин на натпревар од фудбалскиот турнир ЕВРО 2024 година.

Според полицијата во Хамбург, осомничениот им се заканувал на полицајците во близина на фан зоната во Сент Паули и бил застрелан во ногата. Веднаш потоа на осомничениот му е укажана лекарска помош.

Инцидентот се случил на 700 метри оддалеченост од навивачката зона на ЕВРО 2024, а полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со денешниот натпревар помеѓу Полска и Холандија.

Претходно, во текот на денот, Холанѓаните учествуваа во „прошетката на навивачите“ во близина на местото на инцидентот, но кога човекот почнал да им се заканува на полицајците, прошетката била завршена, па само неколку навивачи биле во областа.

Полицијата, исто така, рече дека инцидентот не се смета дека е поврзан со тероризам.

Германија е домаќин на стотици илјади странски навивачи на месечниот турнир, кој започна во петокот.

Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во четвртокот изјави дека властите се во состојба на готовност.

Инаку, на денешниот натпревар, Холандија ја совлада ПОлска со 2:1.

- Реклама -