Германија воведува проверки на граничните премини како чекор кон сузбивање на нелегалната миграција

Ова доаѓа во време кога Христијанско-демократската унија (ЦДУ), главната опозициска партија од десниот центар, се залагаше за овој потег со месеци. Дополнително, партијата го постави одбивањето на влез на илегалните мигранти како услов за договор за заеднички координирани мерки против нерегуларната миграција

По зголемениот политички притисок, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер објави дека ќе воведе проверки на сите гранични премини и ќе развие модел за одбивање на влез на илегалните мигранти.

Илустративна фотографија: EPA-EFE/Esteban Biba

Германија почна да врши проверки на копнените граници со Полска, Чешка, Швајцарија и Австрија минатата година по порастот на илегалните гранични премини. Привремени проверки на сите граници имаше и за време на Европското фудбалско првенство, Олимпијадата и Параолимпијадата.

Ваков тип проверки, од 16 септември годинава, ќе се прават на сите копнени граници на Германија и покрај регулативите на Шенген-зоната на ЕУ, кои вообичаено забрануваат гранични проверки.

„Сакаме дополнително да ја намалиме нерегуларната миграција. За таа цел, сега преземаме понатамошни чекори кои ги надминуваат моменталните сеопфатни мерки. Додека не постигнеме силна заштита на надворешните граници на ЕУ со новиот Заеднички европски систем за азил, треба да ги зајакнеме контролите на нашите национални граници“.

изјави федералната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Ова доаѓа во време кога Христијанско-демократската унија (ЦДУ), главната опозициска партија од десниот центар, се залагаше за овој потег со месеци. Дополнително, партијата го постави одбивањето на влез на илегалните мигранти како услов за договор за заеднички координирани мерки против нерегуларната миграција.

Гермнската министерка објави дека нејзиниот ресор ќе воведе и модел за одбивање влез на нерегуларните мигранти, што е во согласност со европското право. Фезер рече дека деталите за тој модел ќе бидат објавени утре по средбата со опозицијата, на која ќе се разговара за мерките.

Претходно, партиите како Зелените, исто така дел од владината коалиција, предупредија дека тоа ќе оневозможи да се провери која земја на ЕУ е одговорна за процесирање на мигрантите, што го бара законот на ЕУ.

- Реклама -