Германија воведува „подминистерство“ за осаменост?

Германија размислува за воведување на посебен оддел во рамките на министерството за здравство. Овој оддел би се грижел исклучиво околу проблемите на осамените граѓани, јавуваат германските медиуми.

Досега премалку внимание се посветуваше на болecтите кои ги предизвикува осаменоста. Една неодамнешна студија покажа дека осаменоста често предизвикува психички болecти како депресија, анксиозност, но и болecти на кpвотокот“, пишува функционерот на социјалистите – Карл Лаутербах за „Welt am Sonntag“.

Тој бара, по примерот на Велика Британија, да се воведе посебна комисија при министерството за здравство, која ќе се бави со ефектот што осаменоста го има врз општеството.

Идејата ја поддржа и функционерот на владејачката Демохристијанска унија (CDU/CSU) – Маркус Вајнберг. Тој се согласува дека „мора да има повеќе места и програми кои на осамените луѓе би им овозможиле враќање во општествениот живот“.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

Политичарката од Зелените – Марија Клајн Шмајнк, пак, побара да се изработи студија околу трошоците за воведување на дополнителни мерки за борба против последиците од осаменоста, но не затоа што е противник на иницијативата:

„Поаѓам од тоа дека секоја инвестиција во борбата против осаменоста се исплати“, вели таа.

Весникот потсетува дека се работи за модерна „епидeмија на осаменост“, која добива сè поголем размер во индустриски развиените земји.

- Реклама -