Германија успеа да прокоцка 4 гола против Шведска (видео)

Светската фудбалска јавност долго ќе го памети вечерашниот меч во Берлин, во кој што Шведска се врати од работ на амбисот и успеа да стигне до реми на гостувањето против Германија.

„Викинзите“ делуваа во шок откако домаќините предводени од ветеранот Мирослав Клозе стигнаа до предност од 4:0, најавувајќи нов убедлив триумф во овие квалификации. Сепак, доколку досега Германците беа тие што се враќаа со невозможни пресврти, овојпат ситуацијата беше сосема спротивна – домаќините беа шокирани откако во последните триесет минути примија дури четири гола.

{youtube}v9uJZA9sqQk{/youtube}

Кога Златан Ибрахимовиќ во 62. минута го постигна првиот погодок за Шведска, сите на тоа гледаа како на почесен гол за избегнување на катастрофа. Сепак, две минути подоцна погоди и Лустиг, а кога во 76. минута прецизен беше и Елмандер, стана јасно дека ситуацијата е максимално алармантна за „Панцерите“.

Прочитајте и:  Германија за бирократијата троши 146 милијарди евра годишно

Швеѓаните продолжија со напади, а офанзивата им вроди со плод во судиското продолжение, кога Елм шутираше прецизно од десетина метри во долниот десен агол од голот на Нојер, замолкнувајќи ги сите домашни навивачи на стадионот во Берлин.

- Реклама -