Мислевте дека македонските сообраќајци се сурови? Полицијата во Келн, Германија, го казнила Богдан Јонеску со 20 евра, бидејќи возел велосипед со само една кочница. Има еден мал проблем, Јонеску има само една рака.
Германскиот закон диктира дека сите велосипеди мораат да имаат две исправни кочници. Јонеску веќе одамна го имал модифицирано велосипедот, во рамките на легалните спецификации, за да може да ја контролира десната кочница со стапалото.
Сепак, полицијата го застанала и го казнила за нарушување на безбедносните правила на патот. Дури откако несреќникот се пожалил во еден германски весник, полицијата реши да го разгледа случајот. Денес, дури по 3 месеци, полицијата му се извини на Јонеску и му плати отштета во висина на казната.
„Ова се супер вести, навистина сум среќен. Добро е што вака заврши“, изјави непримерниот велосипедист за весникот.