Германија ги засилува мерките за безбедност пред Нова година

Германската полиција ги зајакна мерките за безбедност во земјата по предупредувањата од страна на австриските колеги за тоа дека во периодот на зимските празници во градовите на ЕУ ќе се зголеми опасноста од терористички напади.

Berlin_JanBauerAP460
“Безбедносните  сили ги прифатат информациите многу сериозно. Нивото на опасност се анализира 24 часа на ден од антитерористичкиот центар во Берлин “, рече претседателот на синдикатот на германската полиција Рајнер Венда.

Според неговите зборови од денот на париските терористички акти до сега во Берлин беа воведени голем број на дополнителни видливи и невидливи мерки за заштита од тероризмот.

“Тоа се однесува и на масовните настани по Нова Година. Полицијата прави сé за да не дозволи ништо слично на она што се случи во Париз “, додаде Венда. Тој истакна дека бројот на полициските патроли на јавните места се зголемил, како и бројот на набљудувачките камери.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји
- Реклама -