Германец фатен додека „летал“ со 249 км/ч во Швајцарија, веројатно го чекаат две години затвор

34-годишен Германец бил фатен во неделата на автопатот А7 во близина на Боденското езеро (ака. Констанс) во Швајцарија, додека возел со 249 км/ч наспроти дозволените 120 км/ч.

Полицијата на лице место му ја одземала возачката и му го запленила автомобилот, а покрај паричната казна што го очекува, можно и веројатно е да полежи и некое време во затвор, јавуваат германските медиуми. Возачот уште веднаш бил приведен.

Во Швајцарија паричната казна се пресметува според примањата на казнетиот. Уште полошо, пребрзото возење не се третира како прекршок, туку како казнено дело. Согласно, предвидени се затворски казни во времетраење од 1 до 4 години. Чисто за споредба, во 2014-та Германец беше фатен при брзина од 200 км/ч во тунелот Gotthard. Осуден беше на 30 месеци (2 и пол години) затвор.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина
- Реклама -