Герилци, бандити, терористи: заборавени фотографии од Мексико од минатиот век

gerilci-banditi-teroristi-zaboravljene-slike-meksika-iz-proslog-veka-body-image-1452047784-size_1000

Стефан Руиз работел како наставник во државниот затвор Сан Квентин во Калифорнија, каде што почнува да ги фотографира затворениците на кои им предава. Како студио фотограф го пропатувал светот и работи со различни луѓе, од лица со ментална болест на Куба до мексикански уличари, па сé до Бил Клинтон и Џејмс Браун.

Но, во овој проект, некој друг е зад објективот. Стефан ги изнесува на виделина заборавените фотографии на притворениците од мексиканските полициски архиви. Сето тоа започна во 2010 година кога случајно налетал на овие фотографии на бувљакот во Лас Лагуниљас. Се воспостави дека продавачот има многу од овие фотографии, снимени од педесеттите до седумдесеттите – слики од самото место на вооружен грабеж како и портрети на познатите криминалци од тоа време. Овие излитени, пожолтени фотографии нудат нова перспектива од која може да се види животот и криминалот во Мексико во средината на минатиот век, па Стефан одлучи да ги издаде како колекција.

gerila2

На фотографиите претежно се уапсените крадци, на кои сиромашната популација им се восхитува.

Откако крадците на автопатот и герилците ги заменија наркокартелите и организираните криминални банди, неизлечивиот проблем на насилниот криминал во Мексико, денес е повеќе од очигледен. За нешто повеќе од една година статистиката има евидентирано 7.400 убиства со предумисла, а според некои проценки, помеѓу 2006 и 2015 година во Мексико се случиле околу 80.000 убиства поврзани со организираниот криминал.

Го прашавме Стефан, што го инспирирало да ја издаде оваа колекција, и што можат да ни кажат овие фотографии за денешно Мексико.

gerila3

„Јас често купувам фотографии на уличните тезги. Откако предавав во затворот, како да сум опседнат со овие полициски фотографии. Ми се допаѓаат портретите на затворениците, па и самиот сликам вакви портрети, во сите овие ситуации лицето во кадарот очигледно наебале. Интересно е што во оваа колекција нема само портрети туку постојат и разни други работи. Го прашав продавачот дали овие фотографии се сé што има на лагер. Тој утредента се појави со две црни пластични вреќи полни со слики“.

gerila4

Како одлучи да ги објавиш овие фотографии?

Му ги покажав на еден мој пријател кој работи во издаваштвото. Знаеш како е, во Мексико секогаш постои криминал. Најдовме еден историчар, Бенџамин Смит, и заедно разгледавме и разни други слики и се обидовме да ги поврземе. Некои врски веќе постојат, знам дека еден од официјално заведените терористи предава на државниот универзитет. Тука е и Американецот Џоел Каплан, кој со помош на хеликоптер избегал од затвор… тие детали се одлични, ги продлабочуваат овие проекти. Покрај тоа, фотографиите кажуваат за промените низ кои поминуваше Мексико во текот на сите овие години, затоа се одлучивме да ги пласираме во јавноста.

gerila5

Дали мислиш дека тие фотографии зборуваат за современо Мексико?

Всушност, сакав да покажам дека колку што сé се менува, сé и тапка во место. Времињата се поинакви, а сепак сé е исто. Денес во Мексико има наркотероризам, што не е исто со левичарскиот тероризам од шеесеттите, и не е исто како ИСИС, но сепак е ужасно голем проблем. Разликата меѓу денешното Мексико и она од сликите е во тоа што злосторствата од минатото беа некако невини. Во педесеттите, грабежот беше најпопуларниот криминал, најголемиот дел од луѓето на сликите се крадци. Додека денес, со отсекувањето глави и со висењето на трупови по мостовите, работите се на сосема друго ниво.

Минатата година снема четириесет и тројца наставници и ученици – никому ништо. Од власта упорно кажуваат дека сé е во ред, дека работите се поправаат, но понекогаш ми се чини дека наркобосовите од типот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман навистина ја водат земјата.

gerila6

Често навраќаш во Мексико. Дали американските медиуми даваат вистинска слика за состојбите таму?

Врз медиумите дефинитивно се врши притисок. Таму сите знаат дека актуелната власт не е многу пријателски расположена спрема критиката, но картелите вршат уште поголем притисок, постојано убиваат мексикански новинари.

Како е да се биде фотограф во Мексико?

Додека ја снимав Холомбиано серијата во Монтереј, беше прилично лудо – многу насилство, сé е неизвесно. Во овој регион никој не оди без војска. Неколку пати почувствувавме дека нешто се подготвува, па само тивко ќе се спакуваме и ќе се тргневме од улицата.

Се сеќавам дека за време на убиствата луѓето ме прашуваа „Зарем не разбираш во каков хаос доаѓаш?“ Мислам, полицијата се вози наоколу во камиони, сите носат фантомки. Неколку пати се случувало да ме запрат во надеж дека ќе ги подмитам. Особено ако возите изнајмен автомобил, џандарите ве запираат и само чекаат да им се понудат пари. Кога на моите другари Мексиканци им бараат возачка дозвола, тие го оставаат затворен прозорот и само ја покажуваат дозволата од својата страна на прозорецот. Знаат дека ако му ја дадат на сообраќаецот во рака, овој ќе им каже „Ќе ти ја вратиме во полициската станица, но таму казните се многу повисоки. Но, можеме и тука некако да се договориме.“

gerila7

Што очекуваш да постигнеш со овој проект?

Сакам да правам работи што се базирани на факти. Сакам да го прикажам Мексико на еден поинаков начин.

Вајс Њуз

- Реклама -